Активности на МаКуЦ!


Од Мај 2005 година, кога МаКуЦ беше предаден во употреба, таму се изведуваат разни активности на друштвото, како што се: изведување на дополнителната настава по македонски јазик, вежбите на фолклорната секција, Мајските денови, дочекот на Новата година и на Православната нова година, а со неколку ликовни изложби започнавме да го реализираме нашиот најинтересен и најопширен проект во последно време „Ликовната мултилатерала“. Во нејзиниот состав влегуваат сликарски изложби на уметници од Р. Македонија и Р. Словенија. Досега свои дела изложувале Клементина Голија, Наташа Милованчева, Ирена Јерас-Димовска, Драга Давиткова Ерич, Изидор Јаловец, Ева Пухар, Бригита Пожегар Мулер, Карел Кухар, Франц Бештер и други.

Информациски центар


Покрај наведените активности, Македонскиот културен центар располага со компјутерска училница и библиотека. Се прават напори да се набави опрема за проектирање на филмови, да се формира шаховска секција, а има предлози за набавување на маса за пинг понг, со што дружењето меѓу нас Македонците и нашите симпатизери ќе биде поинтересно и поквалитетно.

Актуелно


МКД Св. Кирил и Методиј има издадено 21 број на весникот Наше сонце.

Традиционалниот, 18-ти по ред Етно-фолк, ќе се одржи по петти пат во Летниот театар Khislstein, на 25.6.2016 година.

МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ доби нова интернетна страна

Повеќе ...

Проекти

Во просториите на МаКуЦ се изведуваат следните проекти: Прешерново оро, Ликовна мултилатерала, Мајски денови, Етно-фолк, Информациски центар и други.
Македонски Културен Центар (МаКуЦ)
адреса: Савска цеста бр.34
4000 Крањ, Словенија
телефони: +386 (0)4 2369 588, +386 (0)4 2369 589
e-mail: mkd.kranj@gmail.com