Контактирајте не!


Македонски Културен Центар (МКЦ)
адреса: Савска цеста бр.34, 4000 Крањ, Словенија
телефони: +386 (0)4 2369 588, +386 (0)4 2369 589
e-mail: mkd.kranj@gmail.com


МКЦ Крањ - фолклорна секција


Во Македонскиот културен центар, во склопот на МКД „Св. Кирил и Методиј“ дејствуваат следните секции: фолклорна, драмска, новинарска, спортска и секција по македонски јазик. Најактивна и секако најзаслужна за афирмацијата на МКД „Св. Кирил и Методиј“ е фолклорната секција, заедно со музичката. Со своите бројни настапи, годишно околу 25, даваат огромен придонес за зближувањето и соработката не само со македонските културни друштва, туку и со словенечките и останатите, како на територијата на Р. Словенија, така и надвор од неа.

МКЦ Крањ - останати секции


Драмската секција зема учество на различни културни приредби како што се „Мајските денови“, доделувањето на ученичките книшки и слично, а новинарската секција досега има издадено осум броја на весникот „Наше сонце“

Актуелно


МКД Св. Кирил и Методиј има издадено 21 број на весникот Наше сонце.

Традиционалниот, 18-ти по ред Етно-фолк, ќе се одржи по петти пат во Летниот театар Khislstein, на 25.6.2016 година.

МКД „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ доби нова интернетна страна

Повеќе ...

МКД - МКЦ

МКД „Св. Кирил и Методиј“ е формирано 1992 година во Крањ. Од пред неколку години работи и МКЦ во Крањ. Минатата година МКД „Св.Кирил и Методиј“ одбележа 15 години успешно работење.
Македонски Културен Центар (МаКуЦ)
адреса: Савска цеста бр.34
4000 Крањ, Словенија
телефони: +386 (0)4 2369 588, +386 (0)4 2369 589
e-mail: mkd.kranj@gmail.com